Споменикот „Вилино коњче“ донација од Ротари клуб Кочани – Виница повеќе од половина година како почна да се поставува на северниот дел од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.
Од оправдани причини малку доцнеше неговото обликување но сега откако е се направено се чека да биде осветлено и на паркот да му даде една посебна убавина,
Ротаријанците предлагаа поставување на споменикот вилино коњче, како еден посебен симбол на природата и живиот свет, односно, инсект што живее покрај вода, во нашиов случај кај оризовите полиња, но и на Осогово, и со оглед на начинот на исхрана со комарци – како биолошки пријател на Кочанскиот крај.
Искрено се надеваме дека за Новогодишните и Божиќните празници конечни во ноќните часови ќе биде осветлено и секако дека ќе биде предизвик и атракција за нашите сограѓани и нивните гости.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ