Во пресрет на 16. Септември – Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), КЈП “Водовод” Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од чиста животната средина.
Вработени од сектор Градско зеленило во акцијата се вклучија со сопствена механизација при што вршеа активности за косење во и околу локацијата на спомен домот АСНОМ.
Вработени од сектор Комунална хигиена во акцијата се вклучија со сопствена механизација при што вршеа собирање, метење и изнесување на околу 11м3 секаков вид на отпад во и околу локацијата на спомен домот АСНОМ.
Ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани раководени од професор – ментор Ирена Димитрова Јорданова во акцијата се вклучија со чистење на околината на спомен домот АСНОМ од отпадоци кои беа расфрлани по тревната површина.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина !!!
КЈП „Водовод“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ