СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОВР КОЧАНИ

јуни 17, 2025
1 минути

Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата крв даруваа 7 крводарители.
Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Црвен крст Кочани во соработка со ОВР – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции во просториите на полициската станица во месеците март, јуни и ноември.

Црвен рст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ