СПРОВЕДЕНА РАБОТИЛНИЦАТА „ЛЕТА, ЛЕТА ЛОКУБИЈА“

јули 1, 2022
0 минути

Синоќа, во рамките на уметничкиот проект „Татковина – Споменик на слободата“ на локалитетот Локубија беше одржана работилнницата „Лета, лета Локубија”.

Во рамките на овој проект, предвидена е дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали врз основа на цртежи на децата учесници во работилницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.

Преку овој проект децата учесници ќе можат да научат сѐ што е потребно за техниката на моделирање и изведба на летала змејови, а истовремено ќе бидат запознаени и со основните концепти на рециклирачката пракса користена во добивањето на материјалот од кој се изработени змејовите создани во рамките на оваа работилница.

Работилницата ќе се одржи во две фази.