Последниот петок во годината на заминување пратеникот Миле Лефков го искористи во неговата канцеларија за прием на странки да оствари средба со медиумите и дел од неговите сопартијци.
„Уште една година испраќаме со време на кризи, една година со инфлација и осиромашување каква што не паметиме одамна. Ако сакаме да живееме достоинствено, ако сакаме подобар живот за сите луѓе, ако сакаме да ја оствариме нашата генерациска должност кон постарите, ако сакаме да создадеме држава во која што младите ќе сакаат да останат и нема да се иселуваат треба да започнеме со промените уште веднаш, треба да започнеме да се почитуваме и треба да започнеме заеднички да работиме за подобра иднина. Затоа во новата 2023 треба да поставиме општествени приоритети а еден од општествените приоритети кој што треба да биде поставен е организирање на предвремени избори во кој што граѓаните ќе можат да го кажат својот глас, а потоа решително да започнеме да се бориме со корупцијата, корупција која ни го предизвикува осиромашувањето, корупција која го урнисува судството и правната држава и корупција која што предизвикува сите да сакаат да се иселуваат и да имаме се понеквалитетен живот овде во Македонија. Затоа, потребно е да бидеме сплотени, да влеземе во новата година со нова енергија и затоа дозволете од ова место на сите граѓани да им посакам успешна, среќна нова 2023, година со многу здравје и многу меѓусебно разбирање„ рече во своето обраќа пред медиумите Миле Лефков актуелен пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија .
С. Ивановски