ЌЕ СТАНЕ ЛИ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ РЕГИОНАЛНА?

април 9, 2024
0 минути

Жителите на Кочани веќе три дена мака мачат со чадот што се шири од запалената Градска депонија. Од КЈП „Водовод“ како што не информираат прават напори депонијата да ја стават во мирување, но и покрај тоа што механизацијата континуирано ја покрива со земја таа уште не е потполно згасната.

Но по се изгледа дека депонијата во текот на периодот што следува постојано ќе создава проблеми на жителите на Кочани. Смет досега  на Градската депонија се носеше само од Кочани, но веќе трета седмица како смет се истоварува и од општина Виница.

Имено, беше донесена одлука од Градоначалниците од Источниот плански регион во близината на Свети Николе да се изгради модерна Регионална депонија на која ќе се носи сметот од општините на Источниот регион каде истиот ќе се рециклира. Но некој ја закочи работата, Регионалната депонија не е ниту започната но од Општина Виница согласно тогашниот договор сметот почна да се донесува и да се истоварува на Градската депонија во Кочани.

Дали ова ќе продолжи и во иднина никој не го знае одговорот или пак не сака да го каже, но како и да е денес Кочанчани се гушат во чад кој го создава сметот што се истоварува на депонијата и од Општина Кочани и од Општина Виница.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ