СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
февруари 20, 2026
1 минути

Во Сабота со почеток во 14:00 часот закажани се натпреварите од 16-тото коло со што и официјално запонува пролетниот дел во Втора Фудбалска Лига.

На програмата се неколку интересни натпревари но вниманието на љубителите во Кочани го привлекува комшиското дерби во кое екипата на „Осогово“ ќе ја пречека „Каменица Саса“.

Во таборот на домаќините владее оптимизам но сепак мора внимателно да му се пристапи на истиот бидејќи „рударите“ се еден од најнезгодните противници што гостуваат во Кочани.

Но кочанчани по завршениот подготвителен период се задоволни од сработеното и со помош на нивните верни навивачи „Сејмени“ се надеваат дека трите бода ќе останат во „градот на оризот“.

Двојки од 16-тото коло:

Осогово – Каменица Саса

Тетекс – Вардар (Н)

Кожуф – Брегалница

Победа – Новаци

Шкендија (А) – Преспа

Беласица – Охрид

Слога 1934 – Скопје

Детонит Плачковица – Големи Коњари

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ