СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
август 19, 2022
0 минути

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот започнуваат натпреварите од годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига.

На програмата се неколку интересни натпревари во кои фаворитите на хартија за највисок пласман во главно гостуваат.

Во Македонска Каменица „рударите“ кои осетно се засилија во летниот преоден рок со доза на оптимизам ја пречекуваат екипата на „Беса“, додека екипата на „Слога 1934“ требаше да гостува во Велес но овој натпревар ќе се одигра во Среда.

Во првото есенско коло се среќаваат:

„Кожуф “ – „Пелистер“

„Аресими“ – „Вардар“

„Охрид Лихнидос“ – „Тетекс“

„Детонит Плачковица“ – „Беласица“

„Караорман“ – „Воска Спорт“

„Пехчево“ – „Гостивар“

„Каменица Саса“ – „Беса“

„Борец“ – „Слога 1934“

С. Ивановски