СТОЛЕ ЕФТИМОВ ПАТНИК НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА У-23

Во Спорт
октомври 28, 2021
1 минути

Како што пишува порталот ipon.mk на Светското првенство во борење за У-23 што ќе се одржи од 01 до 07 Ноември во Белград, Србија, Македонија ќе ја претставуваат тројца борачи.

За Македонија ќе настапат Серхан Шакиров (74 кгр), Столе Ефтимов (92 кгр) и Реџеп Хајдари (125 кгр).

Сите тројца ќе се натпреваруваат во слободен стил.

На СП во Белград ќе настапат 620 борачи од 58 држави.