„СТОПАНСКА БАНКА“ ПОВИКУВА НА ВНИМАНИЕ ЗА ИСПРАТЕНИ СМС И E-MEIL ПОРАКИ ОД ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА

март 5, 2024
1 минути

Деновиве повеќе корисници на телефонските услуги добија порака од „Стпанска банка“ на претпазливост и внимателност при добивањето на т,н. Лажни пораки за внесување на лични податоци. Во пораката се вели:

„Овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна “погрешна адреса” и “вратена пратка” со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци.

Не кликајте на линкот доколку не сте ја побарале таа услуга!

Бидете внимателни НИКОГАШ не користете пратени линкови за внес на податоци од вашите картички, особено не такви добиени на e-mail или СМС.

Ако сте ги внеле податоците за вашата картичка, потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате картичката самостојно преку m-banking или e-banking или со јавување во нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100-109“.