КАМПАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ: СТАВИ ПОЈАС!

март 5, 2024
0 минути

В среда, 6 март 2024 година, во 10 ч., на влезот на СОУ „Гошо Викентиев“ ќе започне активноста во рамките на кампањата за безбедност во сообраќајот под наслов „Стави појас!“.

Организатор на кампањата е Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани во соработка со Општина Кочани.

Целта на кампањата е да се нагласи задолжителната употреба на сигурносниот појас, со што се зголемува личната безбедност и заштита на возачот, односно на патникот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ