Ознака: маратон
ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН МАРАТОНЕЦОТ ИЛИЕВ ГО ПРЕПЛИВА „ГРАТЧЕ“
Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време. Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и…
ПРВО МЕСТО ЗА ЗЛАТКО НИКОЛОВ НА „STRUMINA TRAIL“
Нов успех за Златко Николов кој на трката „Strumica trail“ во Штип го освои првото место. Николов патеката долга 19 километри со искачување од 750 метри во снежни услови и на патеката покриена со снег ја истча со време од 1 час и 59’ и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Мошне…
УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ЗЛАТКО НИКОЛОВ ПРОДОЛЖУВА
Успешната приказна на Златко Николов продолжува. Изминатите два викенди Николов имаше успешни настапи. На двете трки што ги трчаше Николов успеа да стигне до првото и второто место, што со оглед на тежината на патеките е успех за почитување. Најпрвин настапи на трката „Ljuboten Sky race“ и патеката во должина од 23 километри и 1.650…
ЗЛАТКО НИКОЛОВ ГО ОСВОИ „CHUPINO TRAIL 2023“
Во саботата Виница беше домаќин на 4-тата трка „Chupino trail“. Се трчаше на 32 километри и на 16 километри а стартот и целта беа во „Градскиот парк“. Забележителен настап имаа претставниците од Кочани, а секако импресивен беше настапот на Златко Николов кој во трката на 32 километри со висинска разлика од 1.600 метри и истрчано…
ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШЕН НА МАРАТОНОТ ВО ТРОМСО (НОРВЕШКА)
Нашиот сограѓанин Даниел Илиев успешно се претстави на Меѓународниот маратон наречен „Полноноќно сонце“ кој се трчаше во градот Тромсо (Норвешка) изминатата сабота. На патеката долга 42 километри во конкуренција на 6.000 маратонци од целиот свет со време повеќе од 6 часа Илиев успеа да стигне на целта и да го оправда она што го вети…
ЗЛАТКО НИКОЛОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПОБЕДУВА НА МАРАТОНИТЕ
Златко Николов продолжува да победува на маратоните. Тоа е заклучокот по последната негова победа во Охрид на „Ultra trail“ маратонот што се одржа оваа сабота. Повеќе од 220 маратонци од повеќе држави трчаа на патеката долга 22 километри со 1.100 ,метри висинска разлика а Златко истата ја истрча 2 часа и 15 минути. Забележителен настап…
ЗЛАТКО НИКОЛОВ ВТОР НА МАРАТОНОТ „ВОДНО-МАТКА “
Уште еден успешно истрчан маратон на Златко Николов од Кочани. За време на викендот Николов учествуваше на Маратонот „Водно-Матка“ и трчаше на патеката долга 27 километри. Во конкуренција на 230 натпреварувачи Златко Николов го зазеде одличното второ место со време 2 часа и 35 минути што за 6 минути е подобар резултат од оној што…