Ознака: парк

ПОСТАВЕНО  ЈАВНО  ОСВЕТЛУВАЊЕ  ВО  СТАРИОТ  ГРАДСКИ  ПАРК

ПОСТАВЕНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАРИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Во склоп на комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот, по расчистувањето на стариот Градски Парк, деновиве беше поставено и пуштено во функција новото јавно осветлување во паркот. Во периодот којшто следува ќе бидат поставени корпи за отпадоци, клупи и фонтана. Општина  Кочани

КОЈ  ТОА  ОДЛУЧИ  ИЗГРАДБА  НА  ЈАВНИ  ТОАЛЕТИ  ЗАД  БИСТИТЕ  НА  РАДЕ  КРАТОВЧЕ  И  ЉУПЧО  САНТОВ?

КОЈ ТОА ОДЛУЧИ ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ ЗАД БИСТИТЕ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ?

Деновиве забрзано се работи на изградбата на јавни тоалети и тоа никаде на друго место туку до  Домот на културата „Бели Мугри“ и веднаш зад новата локација на бистите на борците од НОБ Љупчо Сантов и Раде Кратовче. Уште кога започна реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ (за одредени поединци е „Градски парк“) и сознанието дека…

ДОУРЕДУВАЊЕ  НА  ГРАДСКИОТ  ПАРК

ДОУРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Денеска од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и Општина Кочани во Градскиот Парк беа поставени дел од новите содржини, односно 15 клупи, 20 корпи за отпадоци и 10 седалки покрај кејот на Кочанска Река. Во наредниот период кој следува просторот во Градскиот Парк ќе биде збогатен со дополнителни нови содржини. Општина  Кочани

ПРОДОЛЖУВААТ  ГРАДЕЖНИТЕ  АКТИВНОСТИ  ВО  ГРАДСКИОТ  ПАРК

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Реконструкцијата на Градскиот Парк е во завршни фази. Неодамна беше пуштена во функција и фонтаната којашто на Градскиот Парк му даде поубаво светло. Од денеска започна и градежната активност за прередување на бекатон плочките кои претходно беа во лоша состојба на улицата „Никола Карев“ кои се во склоп на реконструкцијата на Градскиот Парк.

НОВОТО  ОСВЕТЛУВАЊЕ  ВО  ГРАДКСИОТ  ПАРК  СТАВЕНО  ВО  ФУНКЦИЈА

НОВОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДКСИОТ ПАРК СТАВЕНО ВО ФУНКЦИЈА

Реконструкцијата на Градскиот Парк е во континуитет. Имено, вечерва профункционира новото јавно осветлување во паркот, кое е дел од новото руво на паркот. Реконструкцијата се одвива со забрзано темпо и е во завршни фази. По целосното завршување на реконструкцијата на Градскиот Парк, ќе се реконструира и детскиот парк кај летната сцена, за којшто проект во…