Ознака: соопштение
ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПРИЈАВАТ ЗЕМЈИШТАТА И ОБЈЕКТИТЕ ШТО НЕ ГИ КОРИСТАТ ИЛИ НЕ ГИ ИЗДАВААТ ПОД ЗАКУП
Известување: Согласно законските измени – граѓаните треба да ги пријават земјиштата и објектите што не ги користат или не ги издаваат под закуп Одделението за даноци, такси и надоместоци во Општина Кочани ги известува физичките и правните лица дека согласно законските измени, се должни да ја пријават сопственоста на земјишта и објекти кои не ги…
ВУЛГАРНИТЕ И НЕДОЛИЧНИТЕ КОМЕНТАРИ ЧУВАЈТЕ ГИ ЗА ВАШИТЕ ПРОФИЛИ
По кој знае кој пат еве им се обраќам на читателите на порталот. Како и понапред, така и сега ги замолувам за коментари но со пристојна содржина или коментари без вулгарни зборови или дискриминирање на личности без никакви аргументи. Вечерва веќе тројца баниравме а со тој тренд ќе продолжиме без разлика колку ќе се намали…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈЕНО-ГРАДЕЖНИ И ЕЛЕКТРОМОНТАЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“
Во недела, 19.12.2021г. во период од 09 – 16 ч. на улица „Стево Теодосиевски“ заради дислокација на ЕЕ инсталации ќе се изведуваат земјено – градежни и електромонтажни работи од Електродистрибуција ДООЕЛ, КЕЦ Кочани. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот за зголемено внимание и претпазливост, по можност користење на други сообраќајници
АПЕЛ: СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДУЌАНИТЕ ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ СНЕГОТ ПРЕД ОБЈЕКТИ
И покрај снегот кој вчеравечер го зафати кочанскиот регион и непрекинато вее, главните сообраќајници во градот се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Од КЈП „Водовод“ – Кочани известуваат дека будно ја следат ситуацијата со временската прогноза и имаат постојани дежурни и активни екипи. За расчистување на патиштата при вакви зимски услови располагаат со соодветна…
СООПШТЕНИЕ ОД АВТО ШКОЛИТЕ ОД КОЧАНИ И ВИНИЦА
На одржаниот состанок на 27.11.2021 година во Хотел „Сити Ин“ – Кочани на кој присуствуваа претставници на Авто школите од Кочани и Виница се дискутираше за тековното работење на школите во ново настанатите услови како во државата, така и на глобално ниво. Соочени со секојдневното покачување на цените на горивата, резервните делови, услугите, минималната плата…
ПОДДРШКА ЗА ВИСИНАТА ОД 3 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРИЗОВА АРПА
Почитувани сограѓани, Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата усвои финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на ориз и тоа: – Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран…
НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА
Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита…
- 1
- 2