Ознака: улици
ПОВЕЌЕГОДИШНИ ПРОБЛЕМИ СО УЛИЦАТА „4 МАКЕДОНСКА БРИГАДА“
Невремето проследено со големи количини врнежи на дожд што се случија во неделата и сношти (Среда) покажаа многу недостатоци кои најповеќе се видливи на веќе изградените и асфалтирани улици. Секојдневно ни пристигнуваат фотографии и дописи од жители на соодветните улици. Една од тие е и 4 Македонска бригада во Кочани. Еве на што се жалат…
ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ ПРАШУВААТ: ЧЕКАМЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ, ДО КОГА ДА ЧЕКАМЕ ?
По синоќешната објава за проблемите на жителите од улицата „Иван Иванов Балаш“ со незавршената до крај работа од страна на екипите на КЈП „Водовод“ – Кочани, денес со реакција се јавија жителите од улицата „Вита Поп Јорданова“. „Прочитавме за проблемот кој го имаат нашите сограѓани од улицата Иван Иванов Балаш и сакаме да им порачаме…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“
Од утре ќе се асфалтира дел од улицата „Раде Кратовче“, односно делот на улицата од ОУ „Раде Кратовче“ до раскрсницата кадешто се спојува со улица „Питу Гули“. Асфалтирањето ќе опфати крак од ул.„Питу Гули“ и крак од ул.„Коста Рацин“. Во интерес на безбедно и брзо завршување на градежните работи потребно е возилата да не се…
НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НЕМА, НО КРАТЕРИ СЕ ПОГОЛЕМИ ИМА
Поставувањето на нов асфалтен слој на улицата „Раде Кратовче“ и после скоро една година за жал уште нема, но затоа пак тука се дождовите и некогаш малите кратери на улицата да ги направат многу поголеми и подлабоки. Асфалтот на споменатата улица е одамна изгребан и секоја седмица се чека поставување на нов асфалтен слој, и…
ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА РАЗДЕЛНИТЕ ЗЕЛЕНИЛА НА БУЛЕВАР „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Завршени се градежните активноси на изградбата на разделното зеленило на булеварот „Тодосија Паунов“. Станува збор за изградба на разделно зеленило во должина од 1.350 метри. Изведувач на работите е фирмата „Примаградба“ Доо Штип. Во периодот кој следува останува доуредување на зеленилото на дел од наведените површини од страна на КЈП „Водовод“. Општина Кочани
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ДЕСНИОТ КРАК НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“
Почитувани учесници во сообраќајот, Од денес и во следните денови ќе се изведуваат градежни работи на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот. Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите…
ЌЕ ГИ ПОПРАВИ ЛИ НЕКОЈ РЕШЕТКИТЕ ИЛИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА СИ ГИ ОШТЕТУВАМЕ ВОЗИЛАТА?
Оштетени и искршени решетки за одвод е секојдневната слика на улицата „14 Бригада“ во Кочани. „Ќе ги поправи ли некој решетките или да продолжиме да си ги оштетуваме возилата?“ е прашењето кое жителите од улицата преку фотографиите што ни ги испратија ги прашуваат надлежните во општината. Самите фотографии покажуваат оштетеност на одводните решетки кои како…
СЕ АСФАЛТИРА НОВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“
Започна асфалтирањето на новиот дел од улицата „Роза Петрова“, со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1, односно површина со паркиралиште од околу 3.000 метри квадратни. Реконструкцијата на улицата се реализира со проект финансиран од преостанати средства од кредит на Светска Банка преку МСИП, а изведувач е ВЕ-ГРУПА…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА НОВ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“
Се известуваат граѓаните дека од понеделник, 06.06.2022 година ќе започне асфалтирањето на новиот дел од улицата „Роза Петрова“ со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1. Се апелира на зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајната сигнализација. Се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила во…
СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“
Денеска започна асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 250м и ширина 4м и дел од улицата „Плачковица“ во должина од 90м и ширина 6м. На улицата „Гошо Викентиев“ претходно Општина Кочани изгради атмосферска канализација со сливни решетки и постави нова водоводна линија со приклучоци за објектите. Во тековните подготвителни активности пред асфалтирањето беше…