Ознака: водовод
ОПШТИНА КОЧАНИ ДОБИ ГРАНТ ОД 50.000 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ
По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на…
КОМУНАЛНИТЕ СЛУЖБИ РАБОТЕА НА ТЕРЕН, ИСЧИСТЕНИ МАЛИ ДЕПОНИИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
По одржаниот состанок на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов во КЈП „Водовод“, комуналните служби ја започнаа работата на терен. Со постојните ресурси се отстранети отпад и мали депонии на повеќе локации во централното градско подрачје на Кочани. Активностите ќе продолжат и претстојниов период, со цел актуелната катастрофална состојба со јавната чистота да се доведе…
КЈП „ВОДОВОД“, УТРЕ ПОВЕЌЕЧАСОВЕН ПРЕКИН СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО
Почитувани, Поради дефект и детално испитување на водоводната мрежа , корисниците од улиците, ,Д-р Николиќ, Илинденска, горниот дел од Маршал Тито, Цар Самуил, Гоце Делчев, Осоговска, Х.Карпош, А. Македонски ќе останат без водоснабдување утре 04.11.2025 год. од 8:00 до 14:00 часот Ви благодариме на разбирањето! КЈП „Водовод“ – Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ …
СЕ ПОСТАВУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦАТА „563“ ВО КОЧАНИ
Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија. За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани…
ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КОЧАНСКИ ПАНАЃУР ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Во согласност со Одобрението бр.03-1415/4 од 02.10.2025 год. (наш бр. 03-274/5 од 02.10.2025 год.) издадено од Општина Кочани за користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и Одлука бр. 02-292/3 од 06.10.2025 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански…
ГРАНТ ЗА НОВИ 5 ИЛЈАДИ ВОДОМЕРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша договор за грант за проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ што го склучуваат Министерството за животната средина и просторно планирање и Општина Кочани. Договорот е со финансиски износ од 52.952.080 денари за реализација на потпроектот „Замена на стари водомери со нови…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ
КЈП „Водовод“ Кочани известува дека на ден 21.09.2025 околу 17 часот дојде до запалување на градската депонијата. Имаме сомневања дека депонијата е намерно запалена. Веднаш реагира протитвпожарната единица и екипи на КЈП „Водовод“ и пожарот е ставен под контрола во најкратко можно време. Апелираме до сите граѓани доколку забележале некој сомнителен веднаш да го пријават…
ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД НА УЛИЦАТА „563“ ВО КОЧАНИ
В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани. За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со…
ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО, ДАЛИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА СИТЕ ОБЈЕКТИ ИМААТ ПОСТАВЕНО ВОДОМЕРИ?
До нашиот портал стигна допис од наш читател инаку како што наведува, вработен во КЈП „Водовод“ – Кочани кој е загрижен за големите долгови на КЈП „Водовод“ но кој што посочува дека доколку се утврди она што извесен период се зборува меѓу вработените во претпријатието дека долгот може и да се намали. Текстот Ви го…
ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО: ДОДЕКА ВОДОВОД Е ПОТОНАТО ВО ДОЛГОВИ А КОЧАНИ Е ПОТОНАТО ВО ОТПАД, СЕ ПОКАЧИЈА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Наш читател ни испрати допис со следната содржина која ви ја пренесуваме во целост. „Почитувани, пред неколку денови ВД Градоначалникот излезе во јавноста со загрижувачки бројки за задолжувањето во кое е потонато јавното претпријатие Водовод во Кочани. Беа изнесени милионски суми и беше кажано дека претпријатието е во блокади од извршители и не може да…
