Ознака: водовод
РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИН ОД КОЧАНИ – „ВОДОВОД“ ДА СИ ГО СРЕДИ ХАОСОТ ШТО ГО ОСТАВИ КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР
Помина еден месец откако автомобил пропадна во необезбедена дупка од дефект на Водовод кај градскиот пазар. И денеска дупката е необезбедена и дури поголема. Но за разлика од претходно, денеска дупката е полна со натрупано ѓубре и истата служи како мини депонија. Граѓаните се сведоци дека поправката на овој дефект трае предолго веќе неколку месеци….
СЕ НУДИ РАЗМЕНА, БАЛА ОРИЗОВА СЛАМА ЗА ВРЕЌА СО НОВИОТ КОМПОС НА „КОМВОД“
Земјоделците во регионот Кочани сега можат да разменат бала оризова слама за вреќа со новиот компост на Комвод произведен во Кочани пречистителна вода. Новата филијала на Водовод „Компостара“ произведува органско ѓубриво „Комвод“ со оризова слама и канализациона кал. Регистриран и лиценциран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комвод ги исполнува стандардите за квалитет Швајцарија…
КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека иако од 18 јуни влезот во Градската депонија е строго ограничен и истата е отворена од 07 до 16 часот, во последните три денови е забележано присуство на неовластени лица во оградениот простор на депонијата. Поради тоа што постои основано сомнение дека досега поголем дел од пожарите се намерно подметнати, за…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека започнувајќи од денес 18.06.2024 година (вторник), Градската депонија ќе биде отворена секој ден од 07 до 16 часот. После 16 часот депонијата ќе биде затворена и ќе биде забранет влез за сите неовластени лица. Исто така ја информираме јавноста дека при извршената контрола денеска во 18 часот, пред влезот на Градската…
КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА САНАЦИЈА НА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека вчера (петок) околу 17:30 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е поголема количина на автомобилски гуми и пластика на горната површина од депонијата веднаш до гаражата за механизација. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид гуми за возила и веќе соберени пластични шишиња, а…
КЈП „ВОДОВОД“ – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека околу 17:30 часот денес (среда) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е поголема количина на автомобилски гуми на горната површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид гуми за возила и се наоѓа на самиот влез од депонијата. По добиената дојава за пожар,…
ПОТПИШАНО ПИСМО ЗА ДОЛГОГОДИШНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ „ЕУВ“ ГРАДОТ КАСТРОП РАУКСЕЛ, КЈП „ВОДОВОД“ И ОПШТИНА КОЧАНИ
Денеска, во Општина Кочани се одржа вториот настан од проектот „Општинска размена на експерти Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија“, имплементиран од Агенцијата за услуги заедници во еден свет (SKEW) во име на Државниот канцелар на Северна Рајна-Вестфалија и германското Министерство за економска соработка и развој, за зајакнување на партнерството меѓу Република Северна Македонија и Покраината…
ВО „ПРОКАРКА“ СЕ ВАДЕЛЕ ВОДОМЕРИ ИЛИ СЕ ВРАЌАЛА СОСТОЈБАТА НАЗАД ЗА ДА НЕ СЕ ОТЧИТУВА ПОТРОШУВАЧКАТА
Екипите од Одделение за пласман, продажба и наплата денес спроведуваа акција за контрола за потрошувачка на вода во населбата “Прокарка”. При контролата се откриени повеќе приклучоци на водомери кои се манипулирани, односно состојбата е вратена назад или нелегално се отстранети водомерите за да не се отчитува потрошувачката. За констатираната состојба кај повеќе корисници е известен…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, НОВА УСЛУГА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА СОСТОЈБА НА ВОДОМЕРИТЕ
КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова услуга за online пријавување на состојба на водомерите. Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк (https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата состојба на нивниот водомер….
СООПШТЕНИЕ НА КЈП „ВОДОВОД“: ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ СЕ ИСФРЛА СМЕТОТ НА СРЦ „ПОНИКВА“ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Локацијата СРЦ “Пониква” е во надлежност на Општина Пробиштип. Истата нема преземено никакви активности за комунално оддржување и чистење на наведената локација до сега. На барање на Општина Кочани со минимален финансиски надомест со оваа обврска е задолжен КЈП “Водовод” кој еднаш седмично врши редовно чистење и санирање на отпадот кој е депониран таму. За…