СООПШТЕНИЕ:

април 3, 2022
1 минути

Извиднички Одред „Ластовица“ од Кочани започна со ажурирање на списоците на постојните и упис на нови членови.

Извидниците се поделени во три категории:

1) развигорци – од 7 до 10 години (од второ до петто одделение основно образование)

2) помлади извидници и извиднички – од 11 до 14 години (од шесто до девето одделение основно образовани);

3) извидници и извиднички – од 15 до 18 години (од прва до четврта година средно образование);

Со стекнато искуство извидниците преоѓаат во изтражувачи и ровери.

Уписот ќе се врши во просториите на одредот на Ул.„Теодосија Паунов“ над Тера маркет кај кружниот тек наспроти автобуска станица во Кочани во сабота (09.4.2022) од 12.00 до 15.00 часот. При уписот заинтересираните членови ќе можат да проследат и кратка презентација за основните задачи и активности на извидниците.

Старешините на одредот се надеваат дека Ковид мерките конечно ќе бидат отстранети и одредот ќе може во целост да ја реализира програмата, која за оваа година е многу атрактивна и обемна.

Повелете, ве очекуваме.

Извиднички Одред „Ластовица“