ТЕНЗИЧНО ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО

ноември 15, 2023
0 минути

Повеќе семејства од населбата „Трајаново трло“ четврти ден се без електрична енергија, а како што наведуваат жителите се е од причина што една од фазите е отштетна поради преоптовареност а се поради дивите приклучоци на неколку домаќинства.

Како што не информираат денес екипи од ЕВН дошле во населбата со цел да ги отстранат недостатоците за да конечно сите жители добијат електрична енергија.

Но според информациите на екипите од ЕВН со закани не им бил дозволен пристап до домовите на диво приклучените па истите побарале помош од полицијата.

Моментно полициски службеници прават записници и ги обезбедуваат екипите на ЕВН да си ја завршат работата за која се дојдени.

Што и како понатака, времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ