ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ И СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ЗА ДЕЧИЊАТА ВО ЈОУ ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“

септември 1, 2025
0 минути

Првиот ден од месец Септември е ден што ќе го паметат многуте првачиња кои од денес за прв пат ќе седнат во школските клупи., но исто така ова е и ден за многуте дечиња кои од денес за прв пат ќе бидат дел од ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Вработените заедно со в.д. директорот Елизабета Накова со декорирање на влезовите во установите се погрижија денес дечињата кои за прв пат ќе бидат дел од петте клона при ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани  да се чувствуваат среќно и весело

„Денес сме овде сите заедно да им посакаме топло добредојде и среќен почеток на сите дечиња. Се надеваме дека ќе имаме успешна година и добра соработка. Засега успеавме да згрижиме 780 дечиња од кои 90 се на листа на чекање, но се надеваме дека во блиска иднина и новиот објект Детелинка ќе се отвори и ќе згрижиме уште повеќе дечиња. Предвидена е богата програма која ќе биде реализирана во текот на целата година“ рече Елизабета Накова в.д. Директор на ЈОУ „Павлина Велјанова“.

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ