ТППЕ – КОЧАНИ И ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СПРОВЕДОА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

октомври 27, 2022
0 минути

Територијалната Противпожарна Единица – Кочани во соработка со „Црвен Крст“ – Кочани спроведоа тактичко показна вежба во СОУ „Гошо Викентиев“. Целта на вежбата беше спасување на вработените и учениците од евентуалното избивање на пожар на вториот кат од училиштето како и давањето прва помош на ранетите во пожарот.

Во спроведувањето на вежбата учествуваа 13 пожарникари со 3 возила  за интервенција од ТППЕ Кочани како и волонтери од „Црвен Крст“ – Кочани, а истата беше подржана од младинската организација „Авангарда“ при СОУ „Гошо Викентиев“

С. Ивановски