РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ ДОНИРАШЕ ЗАШТИТНА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА

јули 22, 2022
1 минути

Во склоп со нашите активности превземени во минатот период, Ротари Клуб „Кочани-Виница“ денес изврши примопредавање на противпожарна заштитна опрема која ја обезбедија нашите пријатели од доброволните противпожарни друштва на Словенија.

Опремата од 40-тина заштитни одела со заштитни кациги, чизми, млазници, кислородна боца, дрегер, потпона пумпа и црева е распределена и предадена на ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница и Доброволното Противпожарно друштво Кочани.

Оваа активност е една од низата предвидени активности во однос на изразување подршка за нашите ХЕРОИ ПОЖАРНИКАРИ.

Апелираме на будност, претпазливост и трпеливост во овие жешки летни денови кога сме во природа, да ги поддржуваме овие херои кои будно не чуваат и да не дозволиме да ни се повторат несаканите глетки од претходната година.

Изразуваме голема благодарност до пријателите од доброволните друштва на Словенија и им посакуваме на ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница и Доброволното Противпожарно друштво Кочани да имаат што е можно помирно лето.

Присутни на примопредавањето беа Градоначалникот на Општина Кочани, Командирите на ТППЕ Кочани и Виница, претставник на Доброволното Противпожарно друштво Кочани, како и медиумите.

Ротари клуб Кочани-Виница