Во присуство на Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија Милан Предан, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, Претседателот на пчеларската асоцијација на Република Словенија Боштјан Ноч, Министерот за земјоделство на Република Северна Македонија Трајан Димковски, голем број гости, и одгледувачи на пчели, денес во дворот на УКИМ Земјоделски Институт единица за ориза во Кочани свечено беше предаден традиционален словенечки пчелник.
Под мотото „Пријателството е таму каде што се пчелите“ амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија Милан Предан на УКИМ Земјоделски институт,ЕЕдиница за ориз Кочани, го подари традиционалниот словенечки пчелник.
Досега, како што беше истакнато ваков традиционален словенечки пчелник република Словенија веќе имала подарено на Ватикан, Кралството Норвешка, ОН и на други држави каде се негуваат пчелите, а пчеларството е една од стопанските гранки.
С. Ивановски