ТРАЈЧЕ ДИМКОВ ОД ИМЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО БОРАЧИ ВЕТЕРАНИ НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ 43 ПРИЗНАНИЈА

април 8, 2023
0 min read

Во текот на вчерашниот ден (Петок) во Радовиш, Здружението на борачи ветерани на Македонија одржа состанок на кој беше верификуван мандатот на претседателот избран на Собранието на Здружението Трајче Димков, а беа избрани и Потпретседател Ердиќ Ризаов, секретар Славчо Тодоров и Управен Одбор од единаесет членови.

Токму одржаниот состанок беше повод за  закажување на заедничко дружење на кое Претседателот Трајче Димков врачи 43 признанија на: некогашни борачи, тренери, судии, спортски работници и новинари.

Убава вечер да се биде на едно место со Шабан Трстена, Влатко Соколов, Зоран Шоров, Дејан Богданов, борачи од шампионската екипа на БК „Бучим“ од Радовиш, како и со Ванчо Чифлиганец, Градоначалникот на Општина Радовиш, дел од плејадата на успешни судии како и новинари (Киро Манев, Венцо Донев, Решат Ибраими, Славчо Ивановски и Горан Милковски) кои со своето нотирање имаат придонес и афирмација на борењето.

По доделувањето на признанијата за сите гости беше организирана културно забавна програма.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ