Продолжуваат фудбалските возбудувања во Трета Фудбалска Лига – Исток. На програмата беа натпреварите од второто коло во кое сите четири натпревари го привлекоа вниманието на љубителите на фудбалот. Секако дека најголем интерес имаше во Пирава каде домашниот „Ударник“ ја пречека екипата на „Дојранско езеро“. За жал гледачите кои прописно ги исполнија трибините не видоа ниту еден погодок.
Во Богданци гледачите видоа шест погодоци а во Свети Николе четири. Најефикасниот натпревар во Пробиштип го одиграа „Рудар“ и „Карбинци“ на кој беа постигнати осум погодоци.
Резултати од 2-тот коло:
„Ударник“ – „Дојранско езеро“ 0:0
„Вардарски“ – „Малеш“ 4:2
„Овче Поле“ – „Тиверија“ 3:1
„Рудар“ – „Карбинци“ 5:3
Слободна во ова коло беше екипата на „Слога 1934“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ