ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, КОЛО БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА

Во Спорт
септември 22, 2024
0 минути

И третолигашите од истокот денес ги одиграа натпреварите од второто коло кое помина без некои изненадувања. Три екипи со максимален број на бодови се издвоија на табелата.

Во Виница екипата на „Тиверија“ беше едноставно демолирана од страна на домаќините. Со осум голови во мрежата струмичани си заминаа дома, но и со мислата како понатака по двата стартни порази.

Хоризонт Турново одвај ја совлада годинава мошне добрата екипа на Брегалница 1926 од делчево, додека Овче Поле без проблеми си замина од Пирава.

Во Зрновци немаше победник исто како и во Дојран.

Резултати од 02. коло:

Слога 1934 – Тиверија  8:2

Хоризонт Турново – Брегалница 1926  2:1

Светлост – малеш  1:1

Ударник – Овче Поле  1:4

Дојранско Езеро – Карбинци  1:1

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ