ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ, „ОСОГОВО“ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН

Во Спорт
ноември 13, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 10-тото претпоследно есенско коло во Трета Фудбалска Лига – исток. Првопласираните три екипи победија и бодовната разлика остана непроменета. Можеби мало изненадување е поразот на Брегалница во делчево но не и победата на Академците во Чешиново. Единствената црна дамка на ова коло а и на есенскиот дел од првенството е  неодиграниот натпревар во Пробиштип на кој екипата на „Победа“ од Валандово не се појави.

Во Кочани екипата на „Осогово“ високо го совлада „Вардарски“ од Богданци. „Жетварите“ уште во првото полувреме осум пати ја затресоа мрежата на Мартин Крлевски, но на полувремето тренерот Аксентиев им даде шанса на помладите играчи па домаќините успеаја  само еднаш да ја затресат мрежата на гостинскиот голман.

Головите за „Осогово“ кое на коло до крајот на есенскиот дел ја понесе титулата „Есенски Шампион“ ги постигнаа: Тоше Манов во 6’11’21’30’; Христијан Крстов 18’39’; Никола Стоиловски 28’; Филип Јованов 36’ и Јован Дојчинов 75’.

Резултати од 10-тото коло:

„Осогово“ – Вардарски“  9:0

„Брегалница“ (Д) – „Спартмани“  1:2

„Акад. Чешиново-Облешево“ – „Дојранско Езеро“  2:1

„Овче Поле“ – „Малеш“   1:0

„Рудар“ – „Победа“ (В)  3:0 (службен резултат)

„Карбинци“ – „Тиверија“  0:1

Во последното есенско коло „Осогово“ и гостува на „Тиверија“.

С. Ивановски