На состанокот во Кочани на кој присуствуваа претставници од повеќето клубови кои ќе се натпреваруваат во годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток беа извлечени натпреварувачките броеви по што беше направен и конечниот распоред за претстојната сезона.
Освен екипите на „Победа“ од Валандово и „Спартмани“ кои испаднаа во регуларниот дел од првенство, и „Осогово“ кое се искачи едно скалило погоре, од минатогодишните учесници во ова натпреварување годинава недостасуваат имињата на „Брегалница сениори“ од Делчево и „Академија Чешиново-Облешево“ а нови екипи се „Ударници“ од Пирава и повратникот од Втората Фудбалска Лига „Слога 1934“.
Котизацијата ја платија само девет екипи што значи дека во секое коло ќе има по четири натпревари а една екипа ќе биде слободна.
Првенството започнува на 16 Септември во 15:00 часот а во првото коло се среќаваат:
„Карбинци“ – „Овче Поле“
„Тиверија“ – „Вардарски“
„Малеш“ – „Ударници“
„Дојранско Езеро“ – „Слога 1934“
Слободна во првото коло е екипата на „Рудар“ од Пробиштип.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ