Кошаркарите на „Баскет Дино“ со победа ја започнаа новата сезона во Трета Кошаркарска Лига.
Во рамките на првото коло во Струмица домаќинот „Ролинг“ загуби од „Баскет Дино“ 58:88 (09:32; 22:15; 16:23; 11:18).
Самиот резултат по четвртини заборува за супериорноста на кочанските кошаркари. Играчите на „Баскет Дино“ во првата четвртина која ја решија во своја корист од 23 поени разлика се чини беше решавачка. Домаќините во втората четвртина се обидоа нешто повеќе да направат но со агресивната игра само успеаја да ја намалат разликата.
Во последните две четвртини речиси сите кошаркари на „Баскет Дино“ влегоа во игра и се запишаа во листата на стрелците.
Најефикасен кај „Баскет Дино“ беше Филипов со 20 кошеви а по него следуваат: Ивановски 19, Лазарев 11, Илијев 10, Ѕмбов 9, Коцев 8, Птерушев 5, Христов 4 и Манев 2.
С. Ивановски