Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка поддршка на карате клубовите „Кизаме“ и „Тигар“ од Скопје во саботата во салата „Јане Сандански“ се одржа Меѓународниот карате турнир „Grand prix Macedonia“.
Карате клубот „Кочани“ настапи со пет свои претставника кои во конкуренција на 800 натпреварувачи освоија едно трето место. Наталија Карова го освои бронзениот медал во категоријата до 48 килограми.
„Иако освоивме само еден медал сепак задоволен сум од настапот на сите наши натпреварувачи. Покажаа желба и знаење но сепак силната конкуренција и тешката жрепка беа причината за освојувањето на само една бронза. Да бидам искрен настапот на нашите каратисти ми влева надеж за добар пласман на државното првенство“ изјави Игор Каров тренер на КК „Кочани“.
Инаку на турнирот освен каратисти од Македонија имаше и од: Грција, Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Молдавија, Азербејџан, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ