ПОЖАР ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ПЛАЧКОВИЦА, ЗАПАЛЕНИ И ПОВЕЌЕ СТРНИШТА

март 26, 2023
0 минути

Како што не информираат во подножјето на планината Плачковица над селото Теранци има голем пожар за чие гаснење се интервенирано со 3 возила и 8 пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и со 1 возило и 5 доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани.

Голем проблем претставуваат и неколкуте запалени стрништа во полето за чие гаснење треба дополнителен ангажман на противпожарните служби.

Се додека некому не му дојде на глава ваквиот арогантен однос на „земјоделците“ нема да се смири оваа навика која некогаш се знаеше како се организира а денес не.

С.  Ивановски