Макарија Иванова во класата на наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов во класата на наставник Душан Стојанов, како и Јана Филипова во класата на наставник м-р Елизабета Ѓеорѓиева и Ана Пејчева во класата на наставник м-р Драгана Карова Ангелова во категоријата „четирирачно пијано“, заедно со Оркестарот на народни инструменти при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани ги освоија првите награда на XII Меѓународен натпревар за камерна музика кој во организација на ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ од Кавадарци кој денес се одржа во истоимениот град.
Учениците Александар Крстов, Симон Бошковски, Стефанија Атанасова, Драган Стаменков, Никола Паунов и Баже Ацев во класата на наставник Виктор Постолов, како и Макарија Иванова, Јован Цветанов, јана Филипова и Ана пејчева со своите изведби оставија најсилен впечаток кај жири комисијата и првата награда заслужено се најде во нивните раце.
ООМУ „Ристо Јуруков“ со професионална работа веќе низа години му донесува на училиштето а со тоа и на градот Кочани признанија со кои и те како треба да се гордеат жителите на „градот на оризот“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ