ТРИТЕ ВОДЕЧКИ ЕКИПИ СО ВИСОКИ ПОБЕДИ ГО ЗАВРШИЈА КОЛОТО

Во Спорт
март 30, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени.

Трите првопласирани екипи забележаа високи победи со што разликата во бодовите остана непроменета. На четирите натпревари постигнати се 33 погодока или во просек 8,25 по натпревар што зборува за квалитетот во лигата.

Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Радовиш против домаќинот „Плачковица“ забележа победа од 8:0 (6:0), а стрелци на головите беа: Салихи (4’30’35’), Стојковска 18’, Мицовска 21’, Манасиева 37’, Донева 54’ и Кицара 60’.

Натпреварот како и сите останати започна со минута молчење со што беше одадена почит на трагично загинатите 59 млади луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Резултати од 10-тото коло:

„Плачковица“ – „Кочани“  0:8

„Слободен“ – „Вардар“  0:8

„Борец“ – „Билјанини извори“  0:11

„Порече“ – „Победа“16“  6:0

С.   Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ