ТУРНИР НА КОЈ СИТЕ БЕА ПОБЕДНИЦИ – ПОБЕДИ ДРУГАРСТВОТО И ДРУЖЕЊЕТО

септември 9, 2022
1 min read

По повод 8. Септември, денот на независноста на Република Македонија а воедно и првиот јубилеј, една година постоење на Фудбалската Академија „Чешиново – Облешево“ во организација на клубот славеник, на теренот во Чешиново се одржа Фудбалски турнир за млади категории.

На турнирот на кој учествуваа пет екипи ГФК „Осогово“ (Кочани), „Фудбал старс“ (Кочани), „Академија Постолов-Пандев“ (Штип), „Брегалница (Штип) и домаќинот, организаторот на турнирот Академија „Чешиново-Облешево“ сите беа победници.

Задоволството од дружењето на најмладите и нивното еднодневно другарување  најдобро го покажаа нивните насмеани лица кои ги имаа по завршувањето на турнирот и доделувањето на пехарите.

С. Ивановски