По повод празнувањата што следуваат 7. Септември (Ослободувањето на Кочани) и 8. Септември (Самостојноста на Македонија) ЗГ „Три икс три“ организира кошаркарски турнир во баскет „3х3“.
Самиот настан ќе биде одржан во училишниот двор на ООУ„ Св. Кири и Метсодиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во периодите:
Првиот ден турнирот ќе започне во 18:00 часот по што следува дружење со Ди-џеј Буби од 21:00 часот.
Вториот ден спортскиот дел започнува во 17:00 часот а музичкиот на кој ќе има дружење со Ди-џеј Дадо започнува во 20:00 часот.
На турнирот ќе земат учество 12 екипи а за првопласираните три екипи се обезбедени парични награди во износ од 30.000 (прво место), 20.000 (второ место) и 10.000 (трето место). Организаторот на турнирот обезбеди посебна награда за најдобриот играч на турнирот.
Целта на турнирот кој организаторите се надеваат дека ќе стане традиционален е да се подигне спортската свест и иницијативата кај младите луѓе како и дружбата кај граѓаните.
Организаторот јавно упатува посебна благодарност до помагателите на турнирот без чија помош не би бил она што беше замислено: Општина Кочани, Антура, Европа ’92, Твоја Аптека, Алекс конфекција, Агенција за млади и спорт, Деликатес, Електро херц, Klasik & Pulse, Фалкада керамика, Ozone Gold, Клариса, City in, Alfa Sound, Евротип.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ