ГОЛЕМ УСПЕХ НА ЉУПЧО ПЕНДОВСКИ НА BMU ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОТОЦИКЛИЗАМ – КЛАСА F-600

Во Спорт
мај 8, 2023
1 минути

Некогашниот член на Мото Клуб „Желки“ од Кочани Љупчо Пендовски кој моментно ги брани боите на Мото Клуб „71“ од Скопје за време на викендот постигна успех кој му донесе доста бодови во BMU  Европски и во Македонскиот шампионат.

Имено тој во саботата и неделата учествуваше на „BMU Европски  шампионат во мотоциклизам“ на трката „BMU SEREZ 2023“  која се возеше во градот Серез (Грција).

На шампионатот на кој се возеа две трки учествуваа мотоциклисти од сите земји на Балканот а Македонија учествуваше со 4 свои претставника.

Љупчо Пендовски настапи во класата F-600 кубика и постигна доста забележителни резултати.

Во првата трка која се одржа во саботата тој го освои IV место кое го рангираше на I место во Македонскиот шампионат.

Во втората трка, во неделата стигна VII што го рангираше на II место во Македонскиот шампионат.

Успехот на Пендовски беше поздравен и од неговите некогашни клупски колеги од Мото Клуб „Желки“ од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ