УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-ОБЛЕШЕВО ЌЕ ЈА ЗАПОЧНУВААТ НАСТАВАТА СО ПОЧИТ КОН ДРЖАВНИТЕ СИМБОЛИ

ноември 1, 2023
1 минути

Од денес започнуваме со реализација на идејата-„ наставата во училиштето да започнува со интонирање на Државната Химна и подигање на Македонското Знаме на јарбол пред училиштето. Ние како училиште ќе поднесеме иницијатива до советот на општина Чешиново-Облешево да донесе одлука наставата во училиштата на територија на општината да започнува со интонирање на Државната Химна. „Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме за цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон Македонија, и да ги охрабриме и потикнеме да учат, осознаваат и саакаат македонската култура и традиција “.

Сметаме дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Татковината како симболи и репрезенти на државноста на нашата мила Македонија. Во таа чест денес на првиот ден од месецот ноември учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево со постројување пред почетокот на училишниот ден ги поздравија државните симболи.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ