И учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со настап и дефиле го одбележаа Први април денот на шегата.
Во спортската сала на училиштето со свои точки се претставија сите ученици од прво до деветто одд.
Преку шеги, маски, игри и забава за миг ги оттргнаа возрасните од секојдневните грижи и проблеми и ги развеселија. Меѓу децата имаше и две маскоти кои дополнително им го разведрија денот на децата.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ