УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ КОЧАНИ ГО ПОСЕТИЈА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА

септември 6, 2024
1 минути

Денес, во пресрет на празниците 7 Септември – Денот на ослободувањето на град Кочани и 8 Септември – Ден на независноста на РС Македонија, учениците од прво до деветто одделение од Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ Кочани и од Подрачните училишта во с. Г. Подлог и с. Бели го посетија Споменикот на слободата, и им беше одржано предавање со кое тие подобро се запознаа со историјата и убавините на родниот крај, неговата местоположба, државата и значајноста на празникот 8 Септември.

Предавањето беше одржано од страна на наставниците од училиштето Розета Николова, Елена Крстева, Антонио Стојанов и Марјанчо Ристов.

 

Прилогот го подготвија: Деспина и Марија

Фотографии: К.Лазаровска, В. Зашова, И. Ангелов

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ