УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“

април 10, 2023
1 минути

Во организација на Ротари Клуб „Камен Мост – Скопје и коорганизација на Ротари Клуб „Кочани-Виница“ и Ротари Клуб „Велес“, во Сабота, 8 април 2023 г., под мотото „Гласот на изборот” во Меѓународното училиште „НОВА“ успешно се одржа 11. Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци.

Ротари Клуб „Кочани-Виница“ традиоционално е коорганизатор на овој настан и оваа година беше обезбедено присуство на 50-тина средношколци од Кочани и Виница на оваа конференција.

Им благодариме на директорите на Средните училиште од Кочани и Виница за помошта при организацијата на учениците како и на професорите кои ги придружуваа учениците и секако на самите ученици за присуството и значајното учество.

Веруваме дека целта е постигната и им помогнавме во една најбитните одлуки во животот, изборот на нивната професионална определба.

Ротари Клуб „Кочани-Виница“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ