УШТЕ НЕМАМЕ НАВИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ

декември 11, 2021
0 min read

Вработени од  „Комунална хигиена, одделение за собирање, транспортирање и депонирање на отпад“ при КЈП „Водовод“ – Кочани, која го собира сметот во градот  и денес како и претходните денови наидоа на смет кој е ставен околу единствениот надземен контејнер иако на неколку метри од нив веќе се поставени подземните контејнери.

Од КЈП „Водовод“ ни појаснуваат дека знаејќи дека луѓето уште не се навикнати да го стават сметот во подземните контејнери намерно оставиле само еден од постарите контејнери над земјата кој многу бргу се полни а додека подземните контејнери речиси се празни.

Според очевидци вреќите со смет се оставени од луѓето задолжени за одржувањето на хигиената во кафулињата и тоа во раните утрински часови.

Раководителот на одделението денес ги посетил речиси сите кафулиња во Градскиот Трговски Центар и им укажал дека лицата за одржување на хигиената потребно е сметот да го фрлаат во подземните контејнери бидејќи вака нема да ги добиеме посакуваните резултати од подземните контејнери, на начин како што е замислено.

С. Ивановски