УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈАТА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ МОЗОЧЕН УДАР

октомври 29, 2022
1 min read

По повод Светскиот ден за борба  против мозочен удар, денес пред ИМП (Итна медицинска помош) во Општа болница со проширена дејност – Кочани а под покровителство на Здружението на Невролози на Македонија успешно беше реализирана акцијата во бесплатно мерење на притисок, гликемија како и бесплатни совети.

За само два часа колку што траеше акцијата услуги добија точно 75 граѓанин од општина Кочани што и не њ бројка за потценување.

Еден голем плус за сработеното до комплетниот персонал од одделението за Неврологија предводено од д-р Маја Шоповска Китанова и д-р Кристина Серафимова при Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Освен во Кочани вакви акции се одржаа во Тетово и Скопје.

С. Ивановски