Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в недела на 30 јуни 2024 г., од 5 до 8 часот наутро, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци.
Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ