ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ГОСТИТЕ НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ“

мај 6, 2023
0 минути

Претставниците на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и од Словенија, коишто учествуваат на десеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“, имаа прием кај градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Во пријатна атмосфера, разменија впечатоци и мислења за самиот фестивал, на кој некои од нив учествуваат по петти пат. Притоа тие го истакнаа фестивалскиот континуиран раст и развој и се заблагодарија што со помош на организаторот и раководител на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“, Александар Тошев, имаат можност да градат значајна културна мрежа.

Фестивалот „Ѓурѓовденски обичаи“ продолжува со фолклорно дефиле и концерт во Оризари, ѓурѓовденски игри во Масалница и презентација на традиционални ѓурѓовденски обичаи.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ