Она што никогаш досега се немаше случено на овој веќе традиционален турнир, се случи вчера, организаторот на барање на некои екипи ги одложи двата натпревара од Петровденскиот турнир во мал фудбал, па вечерва мораше по брза постапка да го тоа надомести и наместо два гледачите вечерва присуствуваа на четири натпревари.
Од спортски аспект гледано, вечерва се одиграа четири интересни натпревари од кои некои неизвесни до самиот крај. Екипата на „Еуро петрол“ по многу возбудувања загуби од „Аледар“ 3:4 (1:1). Екипата на „Амфенол“ со една фуриозна и ефикасна игра едноставно ја разби екипата на „Фичобарбер Шери казино“, еден од претендентите за највисок пласман со резултат 5:1 (2:0).
„Мастер Мустафа“ не беа дораснати противници на екипата на „Осоговска куќа“ и претрпеа висок пораз од 2:10 (1:4).
„Ефремови“ ја забележаа и втората победа и обезбедија пласман во доигрувањето. Тие вечерва со подобра игра особено во второто полувреме ја совладаа екипата на „Филитеа“ 3:1 (0:0).
За утре (Среда) се закажани три натпревари:
19:00 „Џинџер бар“ – „Голден бојс“
20:00 „Аледар“ – „Филитеа“
21:00 „Еуро петрол“ – „Ефремови“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ