ВЕЧЕРВА ВО КОЧАНИ ДЕМОКРАТИ ОДРЖАА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

јули 2, 2023
1 min read

Вечерва на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани Демократи го одржаа најавениот мирен протест против одлуката на Уставниот суд за енормното покачување на платите на функционерите.

Под слоганот „Доста е“ тие уште еднаш побараа одлуката на Уставниот суд донесена во март годинава да им се покачат платите на функционерите за 78% да се поништи.

Во своето обраќање Претседателот на Демократи Јорго Огненовски потенцираше дека одлуката на Уставниот суд е срамна бидејќи функционерите добија енормно покачување на платите а пари за пензионерите, за полицијата, за здравствените работници, за образованието и за инфраструктурата нема Според Огненовски несфатливо е во време на катастрофална економска криза, кога народот гладува, кога нема вработување за младите па мора да заминуваат во странство, да се донесува срамна одлука за покачување на платите на функционерите за 78%.

Инаку демократи по одржаните мирни протести во Скопје, Битола, Велес,  вечерва во Кочани најавија дека протестите ќе продолжат и во другите градови во државата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ