Последни вести

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, „КОЧАНИ“ ГИ ОБЕЗБЕДИ СПАСОНОСНИТЕ БОДОВИ?

Се одиграа натпреварите од 20-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Девојчињата на Кочани  го совладаа својот директен конкурент за зачувување на прволигашкиот статус и сега се со предност од два бода, кои според распоредот треба да бидат доволни Кочани и следната кодина да гледа прволигашки фудбал. Денес кочанчанки едноставно ја разбија просечната екипа…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

По повод 20-ти Мај „Денот на пожарникарите“, Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во друштво со своите најблиски соработници ја посети Територијалната Противпожарна Единица – Кочани. и Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани. Градоначалникот при своето обраќање најпрвин им се заблагодари на пожарникарите и на доброволците пожарникари за сето она што го имаат направено за да…

СИТЕ НАТПРЕВАРИ РЕГИСТРИРАНИ, И СЕ Е ПОЗНАТО ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

На состанокот на Трета Фудбалска Лига – Исток што се одржа на 17.05.2023 година беа регистрирани резултатите од последното 22-ро коло во Трета Фудбалска Лига – Исток а се постапи и по жалбата на ФК „Академија Чешиново-Облешево“ за одиграниот натпревар против ФК „Спартмани“, одигран на ден ден 14.05.2023 година во рамките од 22-рото коло. Имено…

ПОСТАВЕНИ И ПАРТЕРНО УРЕДЕНИ НОВИ ЧЕШМИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА

Во склоп на своите предвидени активности КЈП “Водовод” продолжува со поставување на нови чешми за пиење на вода во Кочани. Денес беше реконструирана старата чешма за пиење на вода на улица “Скопска”, а исто така продолжија и активностите за партерно уредување на претходно поставените чешми во Кочани. Во наредните неколку денови се предвидени активности за…

КОШАРКАРСКАТА ЕКИПА НА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД КОЧАНИ Е РЕПУБЛИЧКИ ПРВАК ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

Учениците од кошаркарската екипа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на професор Ивица Цимбаљевиќ се Републички прваци на Македонија во машка конкуренција. Тие денес во финалето што се одржа во Валандово во склоп на „Малите Олимписки Игри“ ја совладаа екипата од ОУ „Јан Амос Скоменски“ од Скопје со резултат 55:24. Претходно учениците од…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ – МЕЧ ТОПКА ЗА ЖФК „КОЧАНИ“

Утре (Сабота) со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 20-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ ЖФК „Кочани“ ќе ја дочека екипата на „Борец“ од Велес единствениот конкурент во борбата за опстанок. Велешанки на три кола до крајот на првенството имаат предност од еден бод и…

СЕ ОБЕЛЕЖУВА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ И ПАТИШТАТА ВО КОЧАНИ

На јавните патишта и улици во Кочани во тек е периодичното одржување. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрувањето на временските услови од денеска започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. Избраниот изведувач работеше на обновувањето на пешачките премини на улицата „Стево Теодосиевски“. Работите ќе продолжат утре, на улиците „Стево Теодосиевски“,…

КОЧАНЧАНЕЦ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ ОРУЖЈЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на…

ОБАВЕЗНО ПРОЧИТАЈТЕ: ОБУКА ЗА МЛАДИ НОВИНАРИ

Сите заинтересирани млади лица на возраст до 29 години имаат можност до 22 мај да се пријават за учество во Програмата за медиумска обука „Дезинформации и проверка на факти“, која што ќе се одржи од 24 до 26 мај во Штип. Обуката што ќе се одржи на англиски јазик е отворена за младите од Источниот…

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ВИНИЦА СО ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО МОЈАНЦИ

На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот  „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“. Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и…