Последни вести
ЖДРЕБАЊЕ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА РЕДОСЛЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Општинската изборна комисија – Кочани, за избор на Градоначалник на Oпштина Кочани и членови на Советот на Општина Кочани, дека согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување изборни плакати и утврдување услови за добивање…
ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕТМАН НА КОЧАНСКАТА ДЕПОНИЈА
Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари. Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот. „Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по…
ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: ДА СЕ ЗАШТИТАТ КУПУВАЧИТЕ
До порталот komarec.com.mk од наш читател пристигна писмо кое го пренесуваме во целост „Политувани, ќе ве замолам ова писмо обавезно да го објавете бидејќи она што се случува за време на пазарен ден на самиот пазар и во средите во попладневните часови е само кражби на секој чекор. Продавачите на црвени пиперки не да ги…
ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЛИСТАТА ЗА СОВЕТНИЦИ ЗА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Во Четврток со почеток во 19:00 часот во малата Спортска сала во Облешево ќе се одржи Промоција на кандидатот за Градоначалник и на Листата за советници во Општина Чешиново-Облешево за претстојните Локални избори С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКАТА ЗБИРКА „ВОИН ВО БЕССОНИ НОЌИ“
Во среда, 24.09.2025 година во 17 часот ќе се реализира промоција на поетската збирка „Воин во бессони ноќи“ од авторот Далибор Стојанов. Промотор на делото е Славица Цветкова, модератот Марина Гоцевска. ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ВО ЧЕТВРТОК ИЗЛОЖБА НА ДИГИТАЛНИ ДИНАМИЧНИ ФОТОГРАМИ
Ве покануваме на изложбата на дигитални динамични фотограми на м-р Стојанче Величковски, во четврток на 25.09.2025 година. Отворањето на изложбата е закажано за 12.30 часот во Салон „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани. Изложбата е дел од проектот „ Превземање изложби за 2025 година“ од Годишната програма на НУ…
ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТ „ПРЕКУ СПОРТ ДО ИНКЛУЗИВНО И КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ
Денеска во ООУ „Никола Карев“ Кочани, беше промовиран проектот „ Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ кој во наредните месеци ќе го имплементира Македонско-бугарската стопанска комора, а е финансиран од Амбасадата на република Бугарија во Република Северна Македонија. Главна цел на проектот е Обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска…
„РОБ НА СПОМЕНИ“ Е НОВАТА ПЕСНА НА САШЕ ГЕОРГИЕВ
„Роб на спомени“ е најновата музичка нумера со која Саше Георгиев се претставува на музичката сцена. Автор на песната и на музиката е самиот Саше Герогиев а истата е снимена ви студиото „Македон“. Како што дознавам во тек се подготовки на видео спот и снимање на албум со песни кои во текот на 2026 година…
ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА ПО ПОВОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, а по повод Меѓународниот ден без автомобили, денеска 22 септември, Општина Кочани во соработка со ОСБСП ја организира традиционалната велосипедска тура „По патеката на оризот“. Настанот е отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија. Велосипедистите ќе возат…
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ И МЛАДИТЕ
По повод Европската недела на мобилност, а под мотото „Заедно градиме подобар пат“, вечерва, 22 септември, на Споменикот на слободата во Кочани, Општина Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата организира квиз на тема „Мобилноста и сообраќајот“. Натпреварувачката атмосфера меѓу учениците од двете средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“…
