Последни вести
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА „ИКОНОПИСОТ ВО КОЧАНИ“
Денес (Четврток) во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата насловена како „Иконописот во Кочани“, во чест на големиот празник Петровден, . Отворањето на изложбата е во Салон „ Фоаје 2 “. Проектот е дел од Годишната програма на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани, со финансиска подршка…
ВЛАДАТА ОДОБРИ СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ
Со средства од унгарскиот кредит на Владата, во Кочани ќе се градат Домот за стари лица и атмосферска канализација. „Веднаш по стапувањето на функцијата в. д. градоначалник на Општина Кочани имав краток рок да одговорам на повикот на Владата за користење средства за капитални дотации. Во тој период од Општината беа подготвени 10 проекти за…
ВЛАДАТА ОДОБРИ 20 ЛИЦА ОД КОЧАНИ ДА БИДАТ АНГАЖИРАНИ ВО ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
Од побараните 23 лица во апликацијата што ја поднесе Општина Кочани во врска со активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), Владата одобри ангажирање на 20 пожарникари. Наредниов период ќе започне постапката за ангажирање на лицата со распишување на јавен повик до невработени…
РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ, ТРКАЊЕ И ПРИБАЧЕВО
Деновиве заврши реконструкцијата на неколку улици во Кочани и во населените места Тркање и Прибачево. Реконструиран е дел од улицата „Мите Јорданов“ во селото Тркање, во должина од 200 м, ширина 3, 5 м, со банкини од двете страни. Рехабилитиран е и крак од улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани, во должина од 170 м,…
ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ: ПРВА ПОМОШ ВО СООБРАЌАЈОТ И АКТИВНОСТИ ЗА ТОПЛОТЕН БРАН
Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани, ПО за БПС Кочани и Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа активност „Прва помош за учесниците во сообраќајот“ и превентивна активност за топлотен бран. Полициски службеници ги сопираа возачите учесници во сообраќајот, додека доктор волонтер…
ПОЖАР КАЈ СЕЛО ЈАСТРЕБНИК
По добиена дојава дека во близина на село Јастребник избувнал пожар, на терен излезе Територијалната Против Пожарна Единица – Кочани. Осум пожарникари со две возила излезени се на терен и во моментот го гаснат пожарот. Во текот на денот доколку има потреба ќе споделиме нови информации. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ …
СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ : СООПШТЕНИЕ
По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов, Претседателот на Советот, водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните, за денеска свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата. На координацијата се идентификувани неколку итни и…
НА 10 И НА 11 ЈУЛИ ВО КОЧАНСКО – ВТОРО ТРЕТИРАЊЕ ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
В четврток, 10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка. Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300…
ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ПОЧИНАЛ ОД СТРУЕН УДАР
На 08.07.2025 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 08 часот, при изведување градежни работи на објект кај селските гробишта во с.Соколарци, општина Чешиново- Облешево, С.М.(37) од с.Соколарци, се здобил со повреди од струен удар, по што починал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено…
ОБРАЌАЊЕ НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ВО ВРСКА СО ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ ПЕТРОВДЕН
Драги сограѓани, Сите ние, жителите на Кочани, го носиме товарот на трагедијата што нè погоди. Загубата на 62 млади животи во пожарот во „Пулс“ е болка што не може да се опише со зборови. Тоа е рана што сè уште крвави во нашите срца, во нашите семејства, во нашата заедница. Секој од нас ја чувствува…