Последни вести

МОТОРЏИИТЕ, ДЕДО МРАЗОВЦИ ИМ ПОДЕЛИЈА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА

Членовите од двата мото клуба во Кочани „Strong riders“ и  „Желки“ она што го најавија во целост го реализираа. Денес по повод Новогодишните празници поголем број членови од двата мото клуба од Кочани облечени во костимот на најпопуларниот дедо, Дедо Мраз, најпрвин со нивните мотори продефилираа низ улиците на Кочани за да финишираат во „Паркот…

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод новогодишните празници, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните на Општина Кочани во која се вели: Почитувани сограѓани, Во пресрет на празниците и на новите 366 дена, од мое име и од името на општинската администрација, ви посакувам добро здравје, благосостојба и просперитет. Да ги пречекаме новогодишните празници во добра…

ДЕКЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 49 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа последната крводарителска акција за граѓанството во 2023 год. На акцијата крв даруваа 49 крводарители од кои 15  лица до 30 годишна возраст и пет првократни…

ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

На последната седница на Советот на Општина Кочани во тековнава година, градоначалникот Љупчо Папазов имаше годишно обраќање, во кое ги сумираше резултатите од сработеното. Притоа тој истакна дека во 2023 година се вложија над 45 милиони денари во патната и комуналната инфраструктура; континуирано се работеше на комуналното уредување; реализирани се или се во тек проекти…

УТРЕ (ЧЕТВРТОК) ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПАТУВАЊЕ“

Утре, 28 декември 2023 година, во 18 часот,  во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“, во големата сала на Мултикултурниот центар ќе се реализира промоцијата на поетската збирка „Патување“ од авторот Драги Трајчев. Промотор на книгата ќе биде м-р Аника Илијевска-Ѓорѓиева. ЈОУБ  „Искра“  – Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ – ОРИЗАРИ, НОВОГОДИШЕН БАЗАР

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година. Во холот  на училиштето но и во училишниот двор се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки. Преку…

КОЧАНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ОРГАНИЗИРААТ ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани, в петок, на 29 декември, во 12 ч. во Градскиот парк во Кочани организираат предновогодишен настан за најмладите сограѓани. Целта на настанот е со забава на најмалите да им се приближи пожарникарството како професија и од рана возраст да се стекнуваат навики за првенција,…

НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – ОБЈЕКТ „ЅВЕЗДИЧКИ“

Првиот работен ден од оваа седмица (25 ти Декември) во просториите на, ДГ „Павлина Велјанова“ – објект,, Ѕвездички” беше организиран „Новогодишен Базар“, традиционално втора година по ред.   На штандови беа изложени новогодишни изработки од страна на вработените и дечињата од градинката. За прв пат беа, застапени и штандови со храна во знакот на Новодишните…

ОДРЖАН СПОРТСКО-МУЗИЧКИ НАСТАН ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

Фудбалскиот репрезентативец Јован Манев – гостин на ОУ „Никола Карев“ – Кочани Во пресрет на новогодишните празници, ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше спортско-музички настан на кој гостуваше поранешниот ученик, сегашен фудбалски репрезентативец Јован Манев. Присуството на фудбалерот Манев предизвика голем интерес во јавноста, која ја наполни Спортската сала „Никола Карев“, па учениците и публиката…

ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ „ВОЗИ ОДГОВОРНО, ПАТУВАЈ БЕЗБЕДНО“

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со ОВР Кочани и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, под мотото ,,Вози одговорно, патувај безбедно“, ја започна новогодишната кампања за среќна и безбедна 2024 година. Учениците од сообраќајната струка, заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани, делеа летоци со едукативна содржина,…